Скандалот со храна во Кина погоди многу светски брендови
Најновиот скандал во Кина поврзан со исправноста на храната нагло се шири на големиот пазар, а зафати и цел синџир водечки ресторани за брза храна, вклучувајќи го и Мек Доналдс, КФЦ и Бурегер Кинг, како и познатио синџир кафетерии Старбакс.

Овие компании вчера им се извинија на своите клиенти по телевизиската снимка на која се гледа како вработените на тамошните набавувачи на месо( Шангај Хуси Ко Лтд) го мешаат свежото месо со она на кое што му поминал рокот. Поради тоа кинеските регулатори го затвориле споменатиот набавувач. Компаниите моментално престанале да ги користат услугите на тој набавувач, инаку огранок на компанијата Аурора, во склоп на американската групација ОСИ со седиште во Илиноис.
Извештај на ТВ Драгон за овој скандал повторно ги стави Јам и Мек Доналдс во центарот на вниманието по аферата во 2012 кога во пилешкото месо беа пронајдени прекумерни количества антибиотици.
Оваа скандалозна вест ги спушти цените на акциите на Јам за 4,2 %, а на Мек Доналдс за 1,5 %. Кина е трет најголем пазар на овие компании.
Соња Стојановска
