Здравје

Дијабетесот го определува начинот на живот

14.11.2024 14:36

Животот со дијабет е секојдневна внимателност и контрола. Од преку 140.000 во земјава, во Прилеп се регистрирани 10.000 од кои 100 деца. Бројките растат но и предизвиците на луѓето со дијабет кои се соочени и со предрасуди од средината...

Дваесет и шест годишниот лекар и професор во прилепското медицинско училиште, Кристи Дамкоски од 10-годишна возраст живее со дијабет тип 1. Носи пумпа и неговото секојдневие е внимателност во исхраната, избегнување на стресот и постојано мерење на нивото на шеќерот.

Инсулин има, но и предрасуди. Потребни се достапни термини, апаратчиња и сензори без ограничување на возраста.

Во Прилеп се 10.000 регистрирани дијабетичари од кои 3.000 на инсулинска терапија, а од нив се 100 деца. Наскоро во болницата треба да профункционира првиот дијабет центар.

Болницата, Здружението „Сина револуција“ со медицинското училиште потпишаа Меморандум за соработка.

 

Елизабета Митреска