Реакции

СДСМ: Криминалните пресметки станаа секојдневие

14.11.2024 12:53

Оттаму наведуваат дека само во октомври, за неполн месец се случиле пет инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случиле во изминатите четири месеци.

Фрлени бомби и криминални пресметки станаа секојдневие, улиците се небезбедени– реагираат од СДСМ. Опозициската партија го обвини министерот Тошковски дека нема капацитет да ги заштити граѓаните.

Оттаму наведуваат дека само во октомври, за неполн месец се случиле пет инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случиле во изминатите четири месеци.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски, соопштуваат од СДСМ.