Здравство

Болните од дијабетес бараат да се даде приоритет на нивната благосостојба

14.11.2024 13:00

Болните од дијабетес му пишаа отворено писмо на министерот Таравари. На Меѓународниот ден на шеќерната болест, побараа да се даде приоритет на нивната благосостојба и да се обезбедат современи терапии. Според проценките, во Македонија околу 130 илјади луѓе живеат со оваа состојба, но има и многу недијагностицирани...

На 26-годишна скопјанка утрово шеќерот во крвта и беше 8,9. Според здравствените власти, сè што е над 5,4 мора да се контролира со матичен лекар.

Ова е аларм дека во аптеките на сметка на Фондот треба да има и антидијабетна терапија.

Мора да се прошири и позитивната листа со втората и третата линија на лекови кои им помагаат на пациентите со шеќер во крвта да ги сочуваат срцето, бубрезите и видот, реагираат ендокринолозите. На Клиниката за пластична хирургија изминативе 5-6 години енормно е зголемен бројот на ампутации на пациенти со дијабетично стапало.

Некои од пациентите откако ќе стигнат до операција дознаваат дека со години имале зголемено ниво на шеќер во крвта, а не се лекувале.

 

Наташа Јанчиќ Менковски