Хамес Родригез шест години во Реал
Најдобриот стрелец на неодамнешното фудбалско СП во Бразил, Колумбиецот Хамес Родригез, го комплетираше трансферот од Монако во Реал Мадрид. 23-годишниот плејмејкер потпиша шестгодишен договор, според којшто ќе остане на „Сантјаго Бернабеу“ до 2020 година. Ќе ја носи „десетката“, којашто немаше сопственик по ланското заминување на Месут Озил во Арсенал. Официјалното претставување на Родригез во Мадрид ќе биде вечер.

Двата клуба не ја соопштуваат вредноста на трансферот, но упатени извори тврдат дека станува збор за сума од 80 милиони евра. Тоа значи дека Родригез ќе биде четвртиот најскап играч во историјата, по Герет Бејл, Кристијано Роналдо и по Луис Суарез.
Колумбиецот ја заслужи „Златната копачка“ на Мундијалот во Бразил, постигнувајќи шест гола на петте одиграни натпревари, од групната фаза до четвртфиналето.
Хамес Родригез е роден 1991 година. Пошироката фудбалска јавност го запозна кога во 2010 Порто го донесе во Европа, купувајќи го како 19-годишник од аргентински Банфилд. Во 2012 стана најмладиот освојувач на „Златната топка“, признанието за најдобар фудбалер во португалското првенство. Со Порто освои три последовни шампионски титули уште пред да наполни 21 година, по што минатото лето за речиси 50 милиони евра се пресели во Монако, станувајќи втор најскап Колумбиец по Радамел Фалкао.
Хамес Родригез е втората ѕвезда од СП во Бразил којшто го облече белиот дрес. Пред неколку дена Реал го ангажираше и Германецот Тони Крос од Баерн.