тирана

Минчев на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерство за отворена власт

14.11.2024 14:17

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, учествуваше на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерството за отворена власт (ПОВ), кој се одржува во Тирана, Албанија. Настанот е организиран од Партнерството за отворена власт и Владата на Република Албанија, во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА)...

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, учествуваше на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерството за отворена власт (ПОВ), кој се одржува во Тирана, Албанија.

Настанот е организиран од Партнерството за отворена власт и Владата на Република Албанија, во соработка со Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

Во своето излагање, министерот Минчев ги истакна придобивките на Република Македонија која како членка на иницијативата за Партнерството за отворена власт од 2011 година, значително придонесе за промовирање на транспарентноста, отчетноста и граѓанското учество во јавните политики. „Задоволство е да се биде дел од овој Регионален состанок посветен на Партнерството за отворена власт, иницијатива која направи видливи разлики во нашите општества и претставува инспирација за изнаоѓање на иновативни решенија за новите предизвици пред кои сме исправени“, – истакна министерот Минчев.

Во однос со напорите на Република Македонија во областа на антикорупциските политики и градењето на доверба во институциите, министерот потенцираше дека реформата на јавната администрација е основа за ефикасно и одговорно владеење.

„Нашата заложба е насочена кон создавање модерна, професионална и транспарентна администрација, каде што административните службеници работат одговорно и се посветени на обезбедување квалитетни услуги за граѓаните“, нагласи министерот Минчев, додавајќи дека донесувањето на новите законски решенија се одвива преку инклузивен процес во соработка со граѓанското општество и експертската заедница, што придонесува за намалување на корупцијата и зголемување на отчетноста.

Како посебен успех, министерот Минчев ја издвои подготовката на шестиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт за периодот 2024-2026 година.

„Оваа година, во процесот на креирање на Националниот акциски план активно учествуваа претставници од граѓанскиот и јавниот сектор. Планот е насочен кон транспарентност, отчетност и содржи

посебни заложби за отворена влада, отворен парламент и отворено судство““, – посочи министерот Минчев.