Македонија

Средба на Муртезани со ирскиот амбасадор Вард

14.11.2024 16:16

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба и со амбасадорот на Република Ирска во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Брендан Вард. Во фокусот на разговорите беа унапредувањето на пријателските билатерални односи во сите сфери од заемен интерес, европското досие на земјата и реформските напори во тој контекст...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба и со амбасадорот на Република Ирска во Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, Брендан Вард. Во фокусот на разговорите беа унапредувањето на пријателските билатерални односи во сите сфери од заемен интерес, европското досие на земјата и реформските напори во тој контекст.

Министерот Муртезани изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка на Ирска како долгогодишен поддржувач на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Тој ја нагласи важноста од соработка во клучните реформски области што ја поддржуваат европската агенда на Северна Македонија.

На средбата се разговараше и за модалитетите на пренесување на искуството и експертизата на Ирска во процесот на усогласување со европските стандарди, особено во областите од значење за нашиот пристапен процес. Министерот Муртезани ја поздрави подготвеноста на Ирска за ваквите иницијативи, оценувајќи дека ирската помош претставува значаен придонес во остварувањето на целите на земјата за членство во Европската Унија.