За власта развоен, за опозицијата расипнички – почна расправата за државната каса
За власта развоен буџет што ќе ја раздвижи економијата, но и ќе ја задржи социјалната компонента. За опозицијата, расипнички и со нереални проекции. Во матичната комисија, почна собраниската расправа за државната каса за в година. Поднесени се повеќе од 300 амандмани…

За власта, развоен и домаќински, за опозицијата нереален и расипнички. Почна расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Министерката за финансии во обраќањето пред пратениците рече дека буџетот се базира на реални макроекономски и фискални проекции и ќе обезбеди непречено функционирање на институциите и навремено исплаќање на платите и пензиите.
Додека власта ветува развој, опозицијата критикува дека се бара алиби за нови задолжувања. Поднесени се повеќе од 300 амандмани.
Приходите се планирани на 6 милијадри евра, или за 13% повеќе од годинава. Расходите се 6,5 милијарди евра, или за 10% повеќе. Дефицитот од близу 700 милиони евра ќе се покрива со заеми. Економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7%. Буџетскиот дефицит на 4% од БДП. А инфлацијата на 2,2%.
Буџетот е досега најголем и тежи 6,5 милијарди евра.
Борис Грујоски
