АД Пошта тоне во долгови, раководството си ги зголемило платите
И долгови, и повисоки плати за поранешното раководство. Државниот завод за ревизија објави финансиски извештај за Пошта. Друштвото е во неповолна положба, граѓаните и фирмите се незадоволни од услугите.

Македонска пошта тоне во долгови, писма и пратки се чекаат со денови. 43 насто од граѓаните и 71 проценти од фирмите не се задоволни од услугите на поштата.
Поштата билдала долгови од 2017-та, заклучи Државниот ревизор. Во 2022 година загубите биле 3,7 милиони евра. Но, и покрај лошата финансиска состојба раководството си ги зголемило платите.
„Во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето-плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва“, пишуваат ревизорите.
Директорот Куртиши вели, во Пошта има најниски плати.
Суфицит на административци, дефицит на поштари. Менаџментот состојбата ќе ја пегла со нова систематизација.
Анита Димитријевска – Велковска
