Мицкоски оптимист дека ќе се постигне договор со комерцијалните банки
В недела власта и банкарите седнуваат на заедничка маса. Треба да се договорат за каматата за средствата од унгарскиот кредит. Премиерот оптимист дека ќе има позитивен исход. Бизнисот ги чека парите…

Премиерот Мицкоски оптимист дека в недела ќе постигне договор со комерцијалните банки за каматата на парите од унгарскиот кредит што ќе ја плаќаат компаниите. Вели, дел од парите може да одат преку Банката за поддршка на развојот но, таа нема толку голема адекватност на капитал, па потребно е да се вклучат и комерцијалните банки.
Мицкоски присуствуваше на бизнис форум организиран од Македонско-турската комора, каде беше посочено дека соработката е одлична и дека треба да има заеднички настап на трети пазари. Една милијарда долари изнесува трговската размена.
Македонија и Турција соработуваат на многу полиња, но има потенцијал за соработка и во одбранбената индустрија – рекоа говорниците на форумот. Две милијарди долари изнесуваат турските инвестиции во земјава.
Миле Ристески
