Политика
Македонската и косовската влада во понеделник во Приштина ќе одржат заедничка седница
14.11.2024 18:17
Во рамки на меѓувладината седница ќе бидат потпишани и неколку меморандуми и договори за соработка во повеќе области.

Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во понеделник во Приштина ќе одржат заедничка меѓувладина седница.
Како што информираат од владината прес-служба, во рамки на меѓувладината седница ќе бидат потпишани и неколку меморандуми и договори за соработка во повеќе области.
