Србија итно мора да преземе мерки против банкрот

22.07.2014 15:13

Доколку Србија итно не преземе мерки кои ќе донесат заштеда од 100 милијарди динари, веќе в година земјата не ќе може да го избегне банкротот, откако претходно ќе ги потроши парите позајмени од заливските земји.

Освен ова предупредување професорот Милојко Арсиќ подсетува на потребата за итно намалување на платите и пензиите за 10 %, но препорачува  да се спречи и големиот одлив на буџетски средства во јавни  и државни претпријатија. Експертите советуваат преземање мерки против високата сива економија но и отпуштање на по 20 илјади вработени кои добиваат плата преку буџетот во наредните години.

Сериозен предизвик за северниот сосед ќе биде 2015-та кога земјата ќе треба да обезбеди 4 милијарди евра за враќање на старите долгови и за сервисирање на каматите, како и најмалку 1,5 милјарди евра за покривање на планираниот буџетски дефицит за в година. Економистите сметаат дека Србија може да добие аранжман со ММФ, само доколку септемвриската мисија биде убедена дека државата презема конкретни мерки за реструктурирање на најголемите загубари и има планови за надминување на кризата.

Свето Николовски