Временска прогноза

Променливо облачно со дожд, на повисоките места снег

15.11.2024 08:02

Денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен северен ветер.