ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Мали ниви - мали производители

15.11.2024 08:03

Многу земјоделски стопанства во Македонија се со мали површини за обработка. Ова е проблем за производството и профитабилноста на македонскиот аграр. Откупувачите и трговците се повеќе заинтересирани да купуваат големи количества на храна и земјоделски производи кои земјоделците не можат секогаш да ги понудат …

Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини.

Расцепканоста на парцелите е проблем за поголемо производство и помали трошоци.

Ситните стопанства мораат самите да се организираат и да работат со однапред договорено производство, советуваат експертите.

Обработливите површини се во просек од 1,4 хектари, расцепкани, без инфраструктура и со големи трошоци.

Преработувачите, наместо од индивидуалните повеќе купуваат од поголемите производители, а недоверба меѓу фармерите и конзервната индустрија, го намалува договореното производство и ги прави ниски откупните цени.

Искуството покажува дека задругите се решение кое дава реални ефекти а земјоделците ги прави поголеми играчи на пазарот.

Државата неколку години го помага овој процес и тоа со субвенции за основање нови и одржување на постоечките задруги, за инвестиции, за промотивни активности и за подобри на резултати на преработувачките капацитети.

 

Методија Трајков