Македонија
Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
15.11.2024 08:15
Меѓународниот ден на толеранцијата ќе се одбележи со работилница за деца од повеќе училишта и од различни етнички заедници, преку креирање пораки за толеранција...

Во Собранието денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата. Меѓународниот ден на толеранцијата ќе се одбележи со работилница за деца од повеќе училишта и од различни етнички заедници, преку креирање пораки за толеранција.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на присутните е предвидено да им се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши.
