МНР
Премиерот Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија
15.11.2024 08:21
Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија...

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија.
Како што информираат од владината прес-служба предвидено е премиерот Мицкоски да има обраќање на овој состанок.
