Сирија
Загинати и ранети во израелски напад на Дамаск
15.11.2024 08:25
Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелски воздушен напад во луксузниот кварт Мазе во Дамаск, на периферијата на главниот град.

Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелски воздушен напад во луксузниот кварт Мазе во Дамаск, на периферијата на главниот град.
Нападот бил изведен од правец на окупираната Голанска висорамнина, а цел биле станбени згради во населбата Мазе во Дамаск и неговите предградија.
Во соопштението на израелските одбранбени сили се вели дека цел на израелската армија биле неколку згради и командни центри на палестинската терористичка група „Исламски џихад“ и дека и бил нанесен „значаен удар“ на групата со седиште во Појасот Газа.
