мнр

Средба Муцунски – Демиту Хамбиса

15.11.2024 08:42

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и реафирмирани заедничките заложби за интензивирање на билатералната и мултилатерална соработка...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н. Е Тимчо Муцунски вчера оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Федерална Демократска Република Етиопија, со седиште во Рим, Н.Е. Демиту Хамбиса.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји и реафирмирани заедничките заложби за интензивирање на билатералната и мултилатерална соработка.

Министерот Муцунски, исто така, ја истакна важноста од фокусирање на заедничките напори кон продлабочување на меѓусебна економска соработка и подобрување на трговските односи. Истовремено беше потврдена заложбата за идна соработка и нови проекти и иницијативи во други области.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби во двете држави и региони, како и за теми од надворешно – политички и безбедносен карактер.