Тексас

Mаж планирал напад по примерот на 11- ти септември во САД

15.11.2024 09:26

Дваесет и осумгодишниот Анас Саид наводно планирал да го изврши терористичкиот напад од неговиот стан во Хјустон...

ФБИ уапси маж од Тексас поради основано сомнение дека планирал терористички напад сличен на оној од 11-ти септември 2001 година. Дваесет и осумгодишниот Анас Саид наводно планирал да го изврши терористичкиот напад од неговиот стан во Хјустон.

Истрагата утврдила дека тој конкретно истражувал како да изврши напад врз локални воени центри.

На 11-ти септември 2001 година се случи терористички напад на кулите „близначки“ на светскиот трговски центар во Њујорк и на зградата на Пентагон. Ал Каеда е одговорна за нападот.