Аерозагадувањето во ноември драстично го зголеми бројот на пациенти
Дури 80 насто од пациентите се со горнореспираторни инфекции. Аерозагадувањето во ноември драстично го зголеми бројот на пациенти со полесна и потешка клиничка слика, велат битолските специјалисти интернисти-пулмолози. Утринава амбиенталниот воздух е умерено чист, но мора да бидиме внимателни, додаваат хронично болните од аерозагаденоста...

По една недела битолчани претпладнево конечно дишат со полна плуќа. Ако до полноќ индексот на квалитетот на воздухот беше неповолен, умереното ветерче и дождот придонесоа аерозагаденоста да биде во рамките на дозволените параметри.
Тоа засега годи но не треба да не опушти велат специјалистите – пулмолози. Според нивната статистика аерозагадувањето уште во месец во тековниот месец драстично го зголемен бројот на прегледи, дури 80 насто од пациентите биле со горнореспираторни инфекции.
Граѓаните, посебно они со хронична дијагноза, велат во услови на екстремно аерозагадување ги чувствуваат тегобите и стравуваат за своето и здравјето на најблиските.
Во насока на зголемување на превентивата лекарите апелираат за задолжително користење на заштитни маски, бидејќи аерозагадувањето предизвикува и мозочни удари, срцеви заболувања и низа други опасни болести.
Стевче Митревски
