мвр

Отказ за високи полициски функционери, нелегално издавале дозволи за поседување на оружје

15.11.2024 11:56

Петнаесет високи полициски функционери добија отказ бидејќи нелегално издавале дозволи за поседување на оружје. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека во следниот период ќе следат и кривични пријави за лицата кои постојат докази дека сториле кривично дело …

15 решенија за отказ добија високи полициски функционери кои нелегално издавале дозволи за поседување оружје. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски обелодени дека до него стигнале претставки од граѓани, каде се констатирало дека во над 5.000 предмети апликантите не исполнувале услови за дозвола за поседување оружје. Министерот со насоки од јавен обвинител, најави и кривични пријави.

За решавање на проблемот таложен со години, создадена е дигитална алатка, која ќе овозможи неселективен и системски пристап кон дозволите за поседување на оружје, изјави министерот Тошковски.

Три обиди за убиство на Раде Трајковски-Штекли и само за еден месец 5 вооружени напади, сите на јавни места. Министерот Тошковски без детали, во интерес на истрагата, но е дециден дека институциите соодветно ќе одговорат против криминалот.

 

Александра Спировска