Украина
Илјадници украинци без греење по руски напад во Одеса
15.11.2024 12:25
Во најновиот рускиот напад врз Одеса запалени станови и уништено греењето за илјадници луѓе...

Во најновиот рускиот напад врз Одеса запалени станови и уништено греењето за илјадници луѓе.
Државната служба за вонредни состојби соопшти дека избувнале пожари на шест различни локации, кои биле „брзо“ изгаснати од пожарникарите.
Штети претрпеа станбени згради, автомобили, црква, образовна институција. Аналитичарите изразија загриженост за претстојната зима, потенцијално најтешката за Украина досега, бидејќи Русија уништи значителен дел од капацитетите за производство на енергија во земјата.
