Нови Сад

Почит за 14-те загинати при падот на настрешницата во Нови Сад

15.11.2024 12:27

Денеска во 11 часот и 52 минути во нови сад им се оддаде почит на загинатите при падот на настрешницата...

Денеска во 11 часот и 52 минути во нови сад им се оддаде почит на загинатите при падот на настрешницата.

14 дена откако се урна настрешницата на новореконструираната железничка станица и однесе 14 животи. Тројца тешко повредени сè уште се борат за живот.

За трагедијата сè уште нема приведени, а јавноста шпекулира околу тоа кој е одговорен. Новосадската опозиција повикува на нов протест.