Митрев: Ќе го разрешам деканот ако доцентите ги исполнуваат условите

22.07.2014 15:42

Доколку тимот одлучи во корист на професорите, Митрев ќе го разреши деканот на Економскиот Факултет...

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Саша Митрев, го пресече „Гордиевиот јазол“. Ги повика тројцата професори кои штрајкуваат да состават тим од еден правник, еден редовен професор од УГД и еден преставник од ресорното министерство.  Да направат извештај за случајот и да ја информираат јавноста, дали професорите ги задоволуваат критериумите за да бидат избрани како вонредни.

Доколку тимот одлучи во корист на професорите, Митрев ќе го разреши деканот на Економскиот Факултет.

Од денеска, и СОНК ќе штрајкува со глад. Нејасно е, велат од Владата, зошто штрајкот продолжува, кога Просветниот инспекторат  веќе донесе препорака до рецензентската  комисија, да ја доусогласи постапката за реизбор на тројцата професори.