Хрватска

Уапсен хрватскиот министер за здравство

15.11.2024 12:30

Полициска акција за корупција на највисоко ниво во Хрватска...

Полициска акција за корупција на највисоко ниво во Хрватска. Уапсен министерот за здравство, вили Берош, и уште неколку лекари под обвинение за финансиски малверзации. Од хрватското Обвинителство велат осомничените одобриле набавка на микроскопи за неврохирургија, кои биле натплатени. Според хрватските медиуми, премиерот Андреј Пленковиќ свикал итна средба со коалициските партнери. Министерот за здравство е разрешен од функцијата, а неговото место го презеде државниот секретар Ирена Хрстиќ која ќе раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата на новиот министер.

„Сè што можам да кажам во овој момент е дека господинот Берош одбива каква било казнена одговорност. Тоа е сè што можам да кажам во овој момент“, изјави Лаура Валковиќ, адвокат на министерот.