Падна митот за Кил
12.12.2013 15:55
Во 1/8 финалето на Германскиот Национален Ракометен Куп, екипата на Рајн Некар Левен го совлада и го елиминира Кил на гостински терен (30:32), со што е прекината серијата на домаќинот без пораз во ова натпреварување уште од далечната 1990-та година.
Ова е прв загубен куп натпревар на Турнверајн Хасе-Винтербек (полното име на клубот - THW Kiel) во Кил, по згубената средба на 21-ви ноември пред 23 години, кога последни на победа на овој терен се радуваа ракометарите на Есен (15:25).

Кил е најуспешната германска ракометна екипа, со освоени 18 домашни титули, 9 куп трофеи, 3 титули во Лигата на шампионите во 6 финалиња и уште многу други одличја, со што во последните три децении Кил се претвори во една од најуспешните ракометни приказни на Старииот континент.
Бранко Чупески