Полски, чешки и унгарски предизвици за македонските клубови во Европа
Четири македонски екипи ги знаат противниците во пониските европски ракометни купови. Треторангираниот во македонскиот клупски ракомет, Зомимак-М во Ехф купот за противник го доби третиот полски носител Горњик Забже.
Струмичани новиот европски предизвик го отвораат со гостување на 6 или 7 септември а реваншот е на 13 или 14 истиот месец пред своја публика во салата „Парк“.

Другиот наш европски адут, Пелистер е во Челинџ купот а се вклучува од третата рунда со гостување кај чешкиот состав Дукла Прага на 22/23 ноември и на 29/30 во Битола.
Ракометарките кои ќе го бранат рејтингот во Европа налетаа на силни екипи од реномираната унгарска лига.
ЖРК Металург ќе се судри со Шиофок во 3. Коло од КПК, додека вториот тим на ЖРК Вардар во Ехф купот ќе игра против Дунајварош.