Јуниорскиот Евросонг утре од 18 часот на МРТ1, гласањето започнува вечерва
Нашите претставници, Ана и Алексеј ќе пеат под реден број 7, од 17 земји-учеснички. Бесплатното гласање започнува вечерва во 21 часот на www.jesc.tv.

Во сабота од 18 часот на МРТ1 гледајте го 22-то издание на Јуниорскиот Евросонг со пренос во живо од Мадрид, Шпанија. Нашите претставници, Ана и Алексеј ќе пеат под реден број 7, од 17 земји-учеснички. Бесплатното гласање започнува вечерва во 21 часот на www.jesc.tv.
„Пробите поминаа одлично. Презадоволни сме од изведбата на Ана и Алексеј, кои на сцената звучат моќно и прекрасно изгледаат. Позитивните коментари што секојдневно ги добиваме се доказ дека МРТ и годинава направи одличен избор за Јуниорскиот Евросонг“, изјави шефот на делегацијата, Дијана Гогова Атанасова.
Песната „Маратон“, со која Ана и Алексеј ќе нè претставуваат на најголемото детско музичко натпреварување во Европа е дело на Лазар и Магдалена Цветкоски.
Шпанскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Поддржете ги нашите претставници и гласајте на www.jesc.tv.
