Саманта Харви добитник на Букерова награда за 2024 година
Букеровата награда е престижно признание кое секоја година се доделува за најдоброто дело од наративната форма фикција, напишано на англиски јазик и објавено во Обединетото Кралство или Ирска. Наградата изнесува 50.000 фунти, а авторот добива и меѓународен публицитет што води до значително зголемување на продажбата.

Британската авторка Саманта Харви е добитничка на „Букеровата награда“ за 2024 година. Наградениот роман „Орбитал“ е првата книга поставена во вселенатакојашто го добила ова престижно признание.
„Орбитал“ нуди поинаква парадигма на светот, следејќи тим астронаути во Меѓународната вселенска станица.
Претседателот на жири-комисијата Едмунд де Вал овој роман го опиша како „книга за ранетиот свет“.
Од 2019 година Харви е првата жена добитничка на „Букеровата награда“ која ја посвети на „сите луѓе кои зборуваат за, а не против Земјата и кои работат за, а не против мирот“.
Саманта Харви изјави дека не ја очекувала наградата, потенцирајќи дека: „Ниту еден говор на Букер никогаш не бил одржан во совршен свет. Да се погледне Земјата од вселената тоа е како дете кое гледа во огледало и за првпат сфаќа дека личноста во огледалото е таа самата. Она што и го правиме на Земјата, го правиме и самите себеси“.
