Снајдер на пат кон Монако

22.07.2014 15:51

Влијателниот фудбалер од средниот ред на холандската репрезентација е се поблиску до францускиот прволигаш кој од трансферот на Родригез заработи речиси 90 милиони евра...

Француските медиуми шпекулираат дека Весли Снајдер треба да биде замена во Монако за колумбиецот Хамес Родригез кој потпиша за Реал Мадрид.

Влијателниот фудбалер од средниот ред на холандската репрезентација е се поблиску до францускиот прволигаш кој од трансферот на Родригез заработи речиси 90 милиони евра.

Супер богатиот клуб од Кралството брзо бара решение на таа позиција,а прв пик е искусниот играч за врска на Галатасарај.

Монако кој ги продава најдобрите фудбалери тешко ќе може да му парира на ПСЖ, па челниците на клубот многу брзо ќе тргнат во акција откако на сметката ќе „легне“ огромната сума што ќе ја уплати Кралскиот клуб од Мадрид.

Снајдер треба да биде првото засилување а се претпоставува дека на Турците ќе им бидат исплатени 20 милини евра. На Холанѓанецот ќе му припаднат 5 милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од неговите истанбулски примања.