Реформи во Судскиот совет, се предлага цензус за избор на членови
Денеска се одржа првата од серијата стручни дебати за нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет подготвени од страна на работната група формирана од Министерството за правда...

Воведување на цензус при изборот на членовите на Судскиот совет. Најмалку 50 насто од судиите да излезат на гласање, а ако има еден кандидат да може да се гласа за или против. Ова стои во предлозите на работната група која го крои законот за ова судско тело.
Надлежните очекуваат експертите да донесат квалитетен европски закон кој ќе придонесе за кревање на довербата во судството.
Познавачите се поделени во мислењата дали кандидатите за членови во судски треба да предложат програма и акциски план која ќе треба да ја реализираат за време на мандатот. Перспективно треба да се уреди и терминот „истакнат правник“ за да се избегнат законските злоупотреби.
Анита Димитријевска – Велковска
