Енергетика

Божиновска: Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција

15.11.2024 19:45

Божиновска: Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на панел- дискусија во рамки на „Joint MDB (Multilateral Development Banks) Pavilion“ на COP29 во Баку, посветена на важноста на платформите за климатска акција и мобилизацијата на финансии за енергетската транзиција.

Во своето обраќање, министерката ја истакна посветеноста на Македонија кон праведната енергетска транзиција преку JETIP (Платформата за праведна енергетска транзиција), која претставува основа за напуштање на јагленот и зголемување на обновливите извори на енергија.

„Амбицијата е јасна: развој на дополнителни 1 GW капацитети за обновлива енергија како дел од забрзаната транзиција кон зелена енергија. Оваа иницијатива не само што ќе ги намали емисиите на стакленички гасови, туку ќе отвори нови можности за локалните заедници и ќе ја постави Македонија како лидер во регионот“, наведе министерката Божиновска.

Министерката истакна дека за успешна реализација на овие амбиции е неопходна координација и поддршка од меѓународните партнери.

„Преку здружени напори на владата, приватниот сектор и меѓународните партнери, уверена сум дека Македонија може да ги исполни своите цели и да стане пример за енергетска транзиција во регионот“- кажа Божиновска во своето обраќање.