Николски бара Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство во АД Пошта
Си зголемувале плати, а централната зграда сакале да ја направат ресторан со кабаре. Министерот Николски бара Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство...

Објектот на Македонски пошти бил планиран за ресторан со кабаре од минатата власт, наспроти плановите на актуелната да биде мултимедијален и културен центар открива министерот за транспорт и врски, Николоски. Според него, минатата Влада имала цел да ја уништи по цена на неколку приватни компании кои се занимавале со поштенски бизнис.
По утврдени слабости се работи на реорганизација, а промените би требало да бидат очигледни веќе во почетокот на следната година, најавуваат од ресорното министерство. Како за почеток, вработените почнале да земаат редовно плата.
Николоски очекува Јавното обвинителство да реагира, да влезе и да утврди одговорност за сите кои работеле несовесно и незаконски во АД Пошта.
Александра Велинова
