Економската криза која се чувствува од Германија ќе се совлада со инвестиции
Многу е важно конечно да започне користењето на заемот од кој се очекува еден бран од најмалку 300 милиони евра, изјави денеска премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Можното намалување на економската активност на некои од компаниите коишто се дел од автомобилскиот сектор, можеме да го совладаме со инвестиции. Многу е важно конечно да започне користењето на заемот од кој се очекува еден бран од најмалку 300 милиони евра, изјави денеска премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
„Многу важно за нас е состанокот што ќе го имаме во недела заврши успешно и конечно да почнеме со користење на заемот или познат во јавноста како унгарскиот заем. Очекуваме тука да се акцелерира еден бран од најмалку 300 милиони евра, тоа е некаде 1,6-1,7 проценти од нашиот вкупен домашен производ. Плус имаме бран на инвестиции во општините коишто се финансирани од страна на централната влада“, вели премиерот Мицкоски.
Тој нагласи дека оваа зима ќе имаме два предизвика. Првиот ќе биде енергетската стабилност, вториот ќе биде кризата којашто се чувствува од Германија, посебно во автомобилската индустрија.
„Овој бран којшто го кажувам, 300 милиони, плус 500 милиони евра, околу 800 милиони евра имајќи предвид дека некаде околу 15,5-16 милијарди е нашиот БДП, зборуваме за бројка од помеѓу 4 и 5 проценти и мислиме дека на тој начин нема да се почувствува таа криза и дека нема да се афектира негативно на нашиот бруто домашен производ“, изјави премиерот Мицкоски.
