Аерозагадување

Контроли на Инспекторатот за животна средина, утврдени неправилности кај 15 субјекти

15.11.2024 18:25

Над 110 контроли, од кои 13 вонредни, направил Инспекторатот за животна средина. Директорката Ивана Гиновска за МТВ вели дека се презема строга контрола на најголемите загадувачи низ Македонија.

Над 110 контроли, од кои 13 вонредни, направил Инспекторатот за животна средина. Директорката Ивана Гиновска за МТВ вели дека се презема строга контрола на најголемите загадувачи низ Македонија.

При направените надзори инспекцијата утврдила неправилности и издале решенија против 15 субјекти.

Гиновска вели дека инспекторите во периодов работат со полна пареа, но потсетува дека покрај индустриските капацитети, сериозен проблем биле и многуте автомобили, а и домаќинствата кои се греат на дрва.

На терен е и Инспекторатот на Град Скопје. Оттаму критикуваат дека има вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат, но според нив единствено само Градот Скопје реагирал.

„Изминатата недела инспекторите на Град Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано и изречено казни на над 30 сторители“, велат од Град Скопје.

„По пријава на граѓани, инспекцијата извршила и контрола на фирма во Гази Баба, каде се утврдило согорување отпад со што се загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните. На компанијата изречени се казнени мерки, додаваат оттаму.

Во Македонија годишно од загаден воздух умираат над 3.400 луѓе, што претставува околу 19 проценти од вкупната смртност.

 

Борис Грујоски