Регион
Брод полн со патници удри во гребен во Хрватска
15.11.2024 22:05
Во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци...

Бродот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.
Во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци. Патниците го чекаат траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.
Станува збор за брод кој го поврзува Задар со Премуда, Силба и Олиба.
Фото: Принтскрин / Јутуб
