Временска прогноза
Времето денес облачно со сончеви периоди
16.11.2024 08:32
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали...

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
