Шолц и Путин разговарале по телефон за прв пат по две години
Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц покажува политичка волја да се дознае ставот на Москва, а повикот е реализиран на иницијатива на Германија, тврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков...

Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц покажува политичка волја да се дознае ставот на Москва, а повикот е реализиран на иницијатива на Германија, тврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, дијалогот е позитивна работа, без оглед на тоа што меѓу Путин и Шолц има длабоки разлики по прашањето за Украина.
Портпаролот на германскиот канцелар, пак, соопштува дека Шолц за време на разговорот ја осудил руската агресивна против Украина, го повикал Путин да ја прекине војната и да ги повлече трупите. Тој исто така рекол дека Русија мора да биде подготвена да преговара со Украина за постигнување праведен и траен мир и ја истакнал цврстата решеност на Германија да ја поддржи Украина во одбраната од руската агресија сè додека е потребно, се вели во соопштението на портпаролот.
