ЕУ ќе бара одговори од Кина во врска со испорачаните беспилотни летала на Русија
Европската унија ќе бара одговори од Пекинг поради извештаите дека кинеска компанија произведува беспилотни летала користени во војната на Русија против Украина...

Европската унија ќе бара одговори од Пекинг поради извештаите дека кинеска компанија произведува беспилотни летала користени во војната на Русија против Украина.
Имавме извештаи од разузнавачки извори за постоење фабрика во Кина која произведува беспилотни летала кои се испорачуваат во Русија, изјавил висок функционер на Унијата за западни медиуми.
Додал дека ЕУ мора најпрвин да утврди дали Пекинг знаел за активностите на компанијата и дали производството на дронови претставува директна соработка меѓу Кина и Русија во производството на воена опрема. Доколу се потврди дека има трансфер на дронови од Кина во Русија, ќе има последици.
