Здравство

Модуларната болница во Куманово ќе се пренамени за физикална терапија

16.11.2024 11:22

Модуларната ковид болница во Куманово ќе се пренамени за физикална терапија. Новиот менаџерски тим го подготви проектот, останува да го усвои ресорното министерство. Особено внимание ќе се посвети на противпожарна заштита. Во тек се и нови проекти за функционалноста на установата, но и враќање на како што велат изгубениот имиџ. Паралелно болницата се чисти и од смет.

Модуларната ковид болница во Куманово ќе се пренамени за пациентите од физикална терапија, е одлуката на новиот менаџерски тим. Речиси при крај е изработката на проектот, по што ќе се побара дозвола од Министерството за здравство.

„Останува уште еден елаборат, извршен е за архитектонска соодветност и изграденост, потоа извршивме интервенција на електрична мрежа за да биде доволно стабилна и сигурна за сите можни апарати кои може да предизвикаат пожар и остана уште една анализа за сите апарати кои ќе бидат вклучени“, истакна директорот на кумановската болница.

Во стариот ургентен центар ќе се прегледуваат итните гинеколошки случаи. Додека пак отстапениот простор ќе се користи за прегледи на хронично болните и пациентите со термини.

„Во еден мал простор во една зграда која нема ни просторно ни архитектонско решение за таква намена висок притисок на луѓе и пациенти. Уште трагедијата да биде поголема улицата каде е сместена е слепа, веднаш кога се активираа овие амбуланти се создаде сообраќаен јазол, санитетските возила се наоѓаат често заробени таму за жал со итни случаи во нив“, дополни Трајановски.

Трајановски болницата рече ја наследил во лоша финансиска состојба. Се надева со новиот буџет за идната година ќе бидат обезбедени средства за нови апарати, но и кадровски да се доекипираат. Последниве денови од дворот се изнесени и над четири тони смет. Во тек е и постапка за отстранување на хаварисани возила.

Кумановската болница покрива територија на шест општини од североистокот. Односно обезбедува здравствена заштита на жителите од Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце со околу 200.000 граѓани.

Елена Георгиевска