Украина

Зеленски: Војната да се реши по дипломатски пат

16.11.2024 12:24

Претседателот Зеленски со став дека Украина треба да стори сè што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат...

Претседателот Зеленски со став дека Украина треба да стори сè што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат. Додаде и дека рускиот претседател Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор. Зеленски призна дека ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и дека Русија напредува. Во однос на идниот американски претседател Трамп, Зеленски рече оти се надева дека тоа ќе придонесе војната да заврши побрзо.

„Мислам дека Путин воопшто не сака мир, но тоа не значи дека не сака да седне со некој од лидерите на иста маса. За него ова е уништување на политичката изолација изградена од почетокот на војната. Седнувањето на маса за преговори без да се постигне договор мислам дека предност за Путин. Ова е уништување на изолацијата што ја изгради цивилизираниот свет преку неговото убивање на Украинците. Така што ова се чекорите на таков процес на деизолација против Путин како политичар“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека нема дополнителни коментари во врска со разговорот меѓу Владимир Путин и Олаф Шолц. Но, увери дека и покрај тоа што Германија вели дека ќе ја поддржува Украина „сè додека е потребно“, на украинскиот народ тоа не му треба.

„Кремљ веќе објави како се чувствува руската страна во врска со ова. Има соопштение за печатот. Нема што да се додаде. Но, ги прочитав пораките што кабинетот на германската канцеларка ги објави во продолжение тие рекоа дека ја осудува руската агресија и дека Германија ќе биде со Украина сè додека е потребно сè додека е потребно“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.