Индија

Голема трагедија во неонатална болница во Индија, 10 бебиња загинале

16.11.2024 12:29

Пожар ја зафати единицата за неонатална интензивна нега во болница во северна Индија, при што загинаа 10 новородени бебиња, а 16 биле повредени...

Пожар ја зафати единицата за неонатална интензивна нега во болница во северна Индија, при што загинаа 10 новородени бебиња, а 16 биле повредени. Пожарот брзо се проширил низ одделението, каде биле згрижени 55 доенчиња. Четириесет и пет се спасени и добиваат медицинска помош. Пожарот се случил во болница во градот Џанси во индиската држава Утар Прадеш. Според заменик-главниот министер пожарот настанал поради краток спој. Несреќата покрена прашања за безбедносните мерки на болницата. Пожарите се вообичаени во Индија, каде градежните закони и безбедносните норми често се прекршуваат од градителите и жителите.

„Според последните информации пожарот избувнал поради краток спој, многу новородени деца загинале. Владата нареди истрага на високо ниво. Откако ќе дојде извештајот, оние кои ќе бидат прогласени за виновни ќе бидат сурово казнети“, изјави Кешав Прасад Маурја, заменик-главен министер на Утар Прадеш.