Собрание

Расправа за Предлог-буџетот за в година

16.11.2024 14:29

И денеска продолжи расправата за државната каса за в година. Пратениците од власта и опозицијата ги вкрстија аргументите, дали Предлог-буџетот тежок 6,5 милијарди евра е развоен или расипнички. Се отвори дебата и за унгарскиот кредит.

Власта го зема унгарскиот кредит без никаков концепт – обвинија од СДСМ на дебатата за Предлог-буџетот за в година. Опозицијата критикува дека парите се земени, плаќаме камата, а средствата сè уште не им се достапни на компаниите.

И на третиот ден од комисиската расправа спротивставени тврдења за тоа дали предложениот буџет од рекордни 6,5 милијарди евра ќе донесе раст и економски развој или ќе значи зголемување на јавниот долг.

Власта ги отфрли тврдењата на мнозинството дека во предложениот Буџет се предвидени повеќе пари за мебел и службени возила за функционерите.

Комисиската расправа треба да заврши најдоцна до крајот на месецов, по што предлогот оди на пленарка. Поднесени повеќе од 300 амандмани.

 

Александра Спировска