Наутро студено, преку ден – сончево време
Времето денеска ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.

Времето денеска ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од-8 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до-3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До средината на следната работна недела времето ќе биде стабилно со студени утра. По котлините ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневните температури ќе бидат за неколку степени повисоки.
Нов влажен бран кој најпрвин ќе биде проследен со засилен јужен ветер се очекува да започне во среда кон крајот на денот.
