Македонија

Денеска Владата и банкарите треба да се договорат за унгарскиот заем

17.11.2024 09:10

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ќе одржат средба со Македонската банкарска асоцијација...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ќе одржат средба со Македонската банкарска асоцијација.

Премиерот Мицкоски очекува банките да покажат општествена одговорност за да се овозможи финансиска инјекција за стопанството.

Од кредитот вреден половина милијарда евра, 250 милиони се за стопанството. Кредитот беше земен со каматната стапка од 3,25 проценти, со рок на отплата од 15 години со вклучен тригодишен грејс период. Ќе го отплаќаме до 2039 година.