Украина
Нови руски напади врз Украина, нападнати енергетски објекти
17.11.2024 09:42
Руската војска лансираше проектили и беспилотни летала низ Украина, соопштија украинските власти. Нападнати енергетски објекти. Експлозии одекнаа во Кривји Рих, Запорожје и Днепар...

Руската војска лансираше проектили и беспилотни летала низ Украина, соопштија украинските власти. Нападнати енергетски објекти. Експлозии одекнаа во Кривји Рих, Запорожје и Днепар.
Градоначалникот на Одеса пријави силни експлозии и додаде дека делови од градот се без струја. Воздухопловните сили побараа жителите да се засолнат.
Северна Кореја ја снабдува Русија со ракетни и артилериски системи со долг дострел, од кои некои се распоредени во регионот Курск, пишува Фајненшл тајмс.
