Земјоделство

Земјоделскиот сектор тешко се справува со климатските промени

17.11.2024 09:58

Земјоделскиот сектор мора да се приспособи кон климатските промени со примена на нови технологии и нов пристап во производството на храна. Младите земјоделци се најподготвени за иновации, но за жал земјоделието долг период не е привлечна професија за младите...

Земјоделието е прво на удар на климатските промени и ефектите од глобалното затоплување. Дождот деновиве доаѓа по повеќе од шест месеци суша. Доцни сеидбата на есенските култури. Експертите велат – потребна е примена на нови технологии во земјоделието за приспособување кон промените.

Земјоделците во најголем дел немаат средства за нови технологии, немаат ниту знаења, а најмногу од се, недостига млад кадар. Но оние млади кои се посветуваат на земјоделието, имаат визија за развој.

Христијан Ристоманов од Струмица, вели дека голем дел од студентите на Земјоделскиот факултет знаењата ги применуваат во пракса и работат во земјоделието.

Министерот за земјоделство за идната година најави низа мерки за младите да се посветат на земјоделието, како грантови за земјоделските бизниси и услови за рентабилно производството на храна.

 

Славица Величковска