Скринингот за рак на дојка да опфаќа и помлади
Лекарите бараат превентива, но и грижа на државата. Ракот на дојка навреме откриен целосно се лекува, но скринингот треба да опфаќа и жени на помлада возраст. Самопрегледот, советувањата и обуките помагаат во превентивата. Во Прилеп иницијативи за превентивно дејствување...

На 800 жени, 8 заболуваат од рак на дојка кој по ракот на грлото на матката е второ малигно женско заболување. Бројките се алармантни и бараат иницијативност и од жените и од општеството. Уште повеќе што многу млади жени заболуваат. Потребно е државата да ја помести границата на возраста за скринингот која сега е од 40 до 69 години.
Откриен во рана фаза, ракот на дојка целосно се лекува, а причините доаѓаат од начинот на живот, а и од недоволна информираност. Потребни се многу обуки, предавања, советувања за едномесечен самопреглед.
Грижата за здравјето е заедничка-и на поединецот и на целото општество.
Елизабета Митреска
