Дојран бил развиен стопански центар во бронзеното време
Дојран бил развиен стопански центар во бронзеното време. Ова го покажа истражувањето на Наколната населба во Дојранското езеро која според археолозите била една од најбогатите и најразвиени праисториски населби од тој тип на Балканот...

Последните наоди од истражувањето на Наколната населба во Дојранското езеро покажуваат дека Дојран бил развиен стопански центар во бронзениот период. Освен со земјоделие и сточарство жителите се занимавале и со леење на предмети од метал и бронза. Вака објаснува археологот Зоран Рујак кој две децении работи на овој археолошки локалитет.
Рујак очекува во наредниот период да се одобрат повеќе средства за истражување на овој локалитет кој смета дека е еден од најинтересните наколни населби на Балканот.
Наколната населба во Дојранското езеро беше откриена во 2012 година и се претпоставува дека е поразлична од онаа во Охридското езеро со оглед дека таа била поставена на четири независни платформи. Истражувањата се правеа со средства од Министерството за култура и туризам.
Ване Трајков
