Велес

Една седмица велешани не знаат каков воздухот дишат

17.11.2024 11:39

Бидејќи мерните инструменти за квалитетот на воздухот не работат во Велес една седмица, велешани не знаат каков воздух дишат. Екологистите бараат што поскоро да се стават во функција за да не се случи воздухот да биде загаден и да не се преземат потребните мерки...

Од 9-ти ноември велешани не знаат каков е квалитетот на воздухот кој го дишат, загаден или не, дали е над дозволените гранични вредности. Една седмица мерната станица на Министерството за животна средина во Велес, не ги покажува измерените вредности, што создава дилеми во јавноста.

За осум дена од месец ноември, кога мерната станица беше во функција, четири дена имаше вредности над дозволените, или велешани дишеа загаден воздух.

„Од 9-ти ноември поради проблем со уредот за преземање на податоци во мониторинг станицата за квалитет на воздух Велес 2, нема можност да се воспостави комуникација со базата за собирање на податоците и заради тоа податоци за измерените концентрации на загадувачките супстанции не се прикажуваат на порталот за квалитет на воздух“ – соопштија од Министерството.

И локалната власт и еколошките граѓански здруженија неколку години бараат во Велес уште една мерна станица, бидејќи постојната е единствена. Таа е лоцирана во новиот дел на градот, во дворот од детската градинка во населба Тунел. Според нив не ја два реалната слика на загаденост во Велес, оти во стариот дел од градот повеќето од домовите користа огревно дрво како енергенс.

Во време кога работеше Топилница, во Велес имаше пет мерни станици, дел државни, дел општински.

Петар Печков